Отворен саемот за мебел 2016 во 11 хали

25

IMG_2371

Најпознатиот меѓународен саем за мебел 2016 од денеска е отворен, а на официјалното отворање освен претставниците на медиумите, присуствуваа и голем број на граѓани кои не издржаа да почекаат и веднаш тргнаа да го одберат своето омилено парче мебел, стои во соопштението.

Од денеска до 27-ми март на Скопски саем се одржува  42-от Меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел којшто е водечки настан во модерниот и класичен мебел и дизајн на овие простори и пошироко. На овогодишниот Мебел 2016, граѓаните можат да си купат нешто за дома, дворно место или канцеларија од 400-те странски и домашни изложувачи коишто имаат понуда од 11.000 изложени парчиња на мебел и сето тоа за прв пат во рекордни 11 саемски хали.

“Меѓународниот Мебел оваа година обединува рекордни 11 хали во коишто има 180 директни домашни и странски изложувачи и 400 индиректни изложувачи коишто на граѓаните ќе им понудат повеќе од 11.000 изложени парчиња мебел. Станува збор за една од најатрактивните манифестации кај нас и пошироко којашто минатата година беше посетена од повеќе од 50.000 посетители кои и оваа година со нетрпение го очекуваа саемот поради своите оригинални декорирани изложбени простори во кои покрај мебел за домот го трасираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво, изјави оперативниот директор на проект во Скопски саем, Магдалена Хамбова.

Саемот е отворен од денеска до 27-ми март од 10:00 до 20:00 часот.