Отворена Артурс мултибренд продавница во ГТЦ

32

18946918_10155448488799443_370617936_o

Артурс отвори нов мултибренд салон во Градскиот трговски центар (ГТЦ) којшто има нов ентериер и нови брендови што ги нуди, стои во соопштението.

“Ако до сега Артурс беше синоним за Converse, Dr.Martens и Lomer, сега со отворањето на новата продавница, асортиманот на брендови во Артурс се зголемува и со моделите на: Puma, Hummel, Saucony, Kappa и Reebok, но и лимитирана колекција на уникатни hand – made креирани модели од S.ignature“, велат од компанијата.

18948846_10155448488904443_1553044902_o

Stamp of Style е слоганот којшто, како што се наведува, го дефинира стилот на уште поголем број купувачи од сите старосни граници.

Оваа приказна започната од 1991 година со отворањето на новиот модерен мултибренд центар во срцето на градот уште од првиот ден донесе нова возбуда кај љубителите на урбаниот стил. Придржувајќи се до класиката, негувајќи го безвременскиот стил и следејќи ги глобалните трендови, Артурс претставува своевиден печат на градот.