Отворена нова спортско-рекреативна зона во општина Карпош

27

Денес, општина Карпош ја доби првата т.н. Balans+ Зона сочинета од повеќе фитнес-справи, којашто е подарок од компанијата Бимилк во знак на подигнување на свеста за спортот и за здравиот начин на живеење.

“Оваа т.н. Balans+ Зона е само уште еден доказ дека главниот фокус на нашата компанија е здравјето, и тоа не само преку обезбедување здрави млечни производи за нашите потрошувачи, туку и преку континуирана поддршка на рекреацијата и спортот. Основната порака на брендот Balans+ е поттикнување на здравата и правилна исхрана, како и балансиран начин на живот и редовни спортски активности.“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

На настанот беа присутни и Balans+ амбасадорите, веќе етаблираниот спортски пар Искра и Жан Тосеви, како и атлетичарот и шампион Кокан Ајановски, кои на присутните граѓани и рекреативци им демонстрираа вежби за баланс и за истегнување, користејќи ги справите. Со заедничка порака, тие ги охрабрија сите жители на општината да ги испробаат справите и истакнаа дека ова спортско-рекреативно катче нуди сè што е потребно за изведување вежби за рекреација и за добар баланс, соодветни за секој што има желба да се рекреира.

Од Бимилк велат дека идејата за облагородување на овој простор со справи за вежбање, и тоа токму под брендот Balans+, потекнува од самиот производ.

Со цел вистинско подигнување на свеста за важноста од редовни физички активности, од компанијата открија дека и градот Битола наскоро ќе добие своја Balans+ Зона, а слични рекреативни катчиња најавија и за другите градови во Македонија.