Отворена петтата Coca-Cola Активна зона

54

GEO_7415_resize

Вчера во паркот на комплексот Могила на непобедените во Прилеп, се отвори петтата Coca-Cola Активна зона во Македонија со што заврши првиот циклус од големиот проект на Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата кој летово се реализираше во повеќе општини ширум земјава.

Проектот Coca-Cola Активни зони се реализира во соработка со локалната самоуправа и организацијата Отворени забавни фудбалски школи и вклучува поставување фитнес зони на отворено опремени со најмодерни справи за вежбање, достапни 24 часа на сите граѓани без никаков надомест. Проектот е дел од глобалната платформа на Coca-Cola за промоција на активниот живот како основа за создавање здрави животни навики кај граѓаните.

“Со отворањето на петтата активна зона во Прилеп го завршуваме првиот циклус од нашиот голем и долгорочен проект. Coca-Cola Активни зони е иницијатива на Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата, во соработка со локалната самоуправа со која започнавме со поставување на зони за фитнес и рекреација под отворено небо со цел да ги мотивираме граѓаните почесто да практикуваат физичка активност. Оваа година заедно со локалните самоуправи на 5 општини отворивме вкупно 5 активни зони, вклучувајќи ја и оваа денес, во еден од најубавите градови во Македонија – Прилеп. Проектот ќе продолжи и наредната година и планираме активните зони да ги прошириме во уште повеќе општини. Добросостојбата на сите граѓаните е особено важна, па затоа Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата, впрочем како и досега, ќе продолжат со реализација на проекти кои го промовираат активниот начин на живот”, изјави г-дин Ламбро Патче, менаџер за јавни работи и комуникации на Пивара Скопје.

“Прилеп има долгогодишна соработка со Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата и навистина сме благодарни што оваа соработка се крунисува со вакви значајни проекти. Особено се радуваме што Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата ја препознаа нашата Општина како една од најспортски активните Општини во земјава. Долгорочно гледано, ваквите проекти позитивно влијаат врз културата на живеење на граѓаните. Уште еднаш, во името на сите граѓани на Прилеп, голема благодарност до Пивара Скопје и Coca-Cola Компанијата затоа што ни овозможија уште во првата година да станеме дел од големиот проект Coca-Cola Активни зони, заедно да работиме на создавање навики за редовно спортување и рекреација со цел да создадеме генерации свесни за придобивките од активниот начин на живеење”, изјави градоначалникот на Општина Прилеп, г-дин Марјан Ристески.

Сите пет Coca-Cola Активни зони ќе бидат достапни и активни во текот на целата година, преку разновидни настани за анимација на граѓаните, предвидени да се организираат во рамките на проектот. Покрај Општина Прилеп, годинава Coca-Cola активни зони добија и Општина Гази Баба, Струмица, Тетово и Охрид.