Отворени денови на Централниот регистар на Македонија

21

Централниот регистар на Македонија (ЦРМ), по трет пат, ја спроведува акцијата Отворени денови на Централниот регистар, во регистрационите канцеларии во земјата.

Тимови од централата на ЦРМ ќе бидат достапни да информираат за измените во законската регулатива, како и да одговорат на конкретни прашања на граѓаните. Екипите ќе бидат на терен од 10 до 15 часот.