Отворени денови со катастарот во Скопје

20

Агенцијата за катастар на недвижности од денеска до 30 јануари, во периодот од 9 до 17 часот, во Центарот за катастар на недвижности – Скопје ќе организира отворени денови за граѓаните од подрачјето на Град Скопје.

Од Агенцијата за катастар на недвижности ги повикуваат сите граѓани кои имаат било какви нејаснотии поварзани со катастарот да дојдат и да се консултираат за сите прашања.

Граѓаните можат да закажуваат термини со стручните тимови секој работен ден од 9 до 16 часот на телефоните 3097 300 и 3097 337.