Отворени денови во земјоделскиот и рурален развој во Крива Паланка

19

Во рамки на Отворените денови на агенциите за финансиска поддршка во земјодеството и руралниот развој, за храна и ветеринарство и за поттикнување на развојот на земјодеството, директорот на Платежната агенција, Тони Димовски, оствари среба со земјоделците од Крива Паланка и околните рурални подрачја.
Во просториите на основното училиште Илинден пред заинтересираните граѓни беа презентирани програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и можностите кои се нудат преку нив во 2014 година.
На средбата се разговарало и за субвенционирањето во примарното земјоделско производство, програмата за кофинансирање во опрема 50/50, ИПАРД програмата, аква културата и рибарството, а било отворено и прашањето на минатогодишното субвенционирање.
За поголема информираност на земјоделците од овој регион во следниот период ќе биде отворена канцеларија на агенциите во Куманово.