Отворени денови за граѓаните на Платежната агенција

12

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој идната недела почнува со Отворените денови за граѓаните, пишува Миа.

Од 13 август до 13 септември Отворени денови ќе се одржуваат во Гостивар, Тетово, Могила, Новаци, Битола, Богданци, Демир Хисар, Струга, Свети Николе, Кочани, Струмица, Гевгелија, Виница, Пробиштип, Дојран, Охрид, Ресен, Кичево, Штип, Кратово, Кавадарци, Велес, Неготино и Валандово.

Целта е реализирање директни средби со земјоделците и претставниците на бизнис заедницата кои ќе имаат можност да се информираат за поволностите на програмите за финансиска поддршка, да се запознаат со работата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенција, да разговараат за прашања од нивен интерес и за проблеми со кои се соочуваат при аплицирањето, како и  да побараат стручна помош.

Отворените денови се и прилика институциите да ги слушнат проблемите на земјоделците во однос на користењето средства од програмите за земјоделството и руралниот развој.