Отворени регистрациите за учество на Сараево Бизнис Форум 2018

26

frРегистрацијата за учесници за 9-тата Меѓународна конференција за бизнис и инвестиции – Сараево Бизнис Форум (СБФ) 2018, којашто ќе се одржи во Сараево на 25 и 25 април, официјално е отворена.

Како и во претходните години, конференцијата ќе ги обедини најеминентните бизнис и политички лидери од регионот и светот и истовремено ќе им овозможи повеќе да ги запознаат можностите за остварување бизнис и инвестиции, како во Босна и Херцеговина, така и во останатите земји од ЈИЕ регионот.

Фокусот на овогодинешниот СБФ ќе биде изнаоѓање решенија за искористување на потенцијалите од областа на енергетиката, образованието, ИТ индустријата, земјоделството и туризмот. Целта на СБФ е да ги поврзе и претстави природните и човечките ресурси во регионот, како и да ги отвори вратите за босанските и регионалните компании да добијат пристап до меѓународните пазари.

Организатор на конференцијата, која инаку веќе девет години по ред се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, е Босна Банк Интернационал (ББИ) во соработка со Исламската банка за развој (ИДБ), а е под покровителство на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Учесниците кои ќе се регистрираат за Сараево Бизнис Форум пред 1-ви март 2018 ќе добијат 20% попуст на котизацијата за учество.

Минатата година на Сараево Бизнис Форум присуствуваа повеќе од 1.700 учесници, вклучително и 330 акредитирани новинари, а беа остварени повеќе од 330 директни состаноци помеѓу бизнис заедницата и претприемачите. Од 2010 година конференцијата беше домаќин на околу 8.000 учесници од повеќе од 50 земји.

Сите подетални информации за СБФ се достапни на www.sarajevobusinessforum.com, а регистрација за учество на овогодинешното издание може да се направи преку линкот: http://sarajevobusinessforum.com/registration-participant.