Ова е креативност: Билборд “Ве молам, вработете ме”

96

adamНевработен Британец ги дал последните 500 фунти за билборд преку кој бара работа. Адам Пачити, дипломец по медиуми, реши да оди на се или ништо, па со последните пари закупи билборд во Лондон на кој пишува “Ги потрошив последните 500 фунти на овој билборд, ве молам, вработете ме”, со линк до неговиот сајт и слика од три метри.

Во првите 24 часа од поставувањето на билбордот, на Твитер го спомнале 10.000 луѓе, а толку нови посети имал и на страната. Иако досега не добил понуда, желба му е да влезе во ТВ продукција и уверен е дека ќе успее.

Од билбордот може да се заклучи дека дечкото е креативен, храбар и размислува “надвор од кутијата”, па голема е веројатноста дека некоја маркетинг агенција ќе се заинтересира за него.