Ова е најскап град на светот за луксузни производи и услуги

104

Најскапиот град во светот за луксузни добра и услуги, според истражувањето на банката Julius Baer, е Хонг Конг.

Ова е најскапиот град ако сакате да ангажирате адвокат затоа што е финансиски центар, така што едноставна консултација ќе ве чини во просек од 1.050 долари.

Хонг Конг, исто така, е на врвот на листата во однос на цени на недвижности, автомобили, патување во деловна класа, оброци во ресторани, свадбени церемонии и третмани за убавина.

Интересно е што Хонг Конг нема акциза за накит, што значи дека можете да најдете поевтин луксузен накит во овој град. Ѓерданот Cartier Love чини 42.228 долари, што е помалку отколку во Рио де Жанеиро каде чини 54.852 долари. Julius Baer ги истражуваше и ги спореди цените на 18 премиум производи и услуги во 28 градови низ светот, во својот прв извештај за глобалното богатство и стил на живот во 2020 година.

По Хонг Конг следуваат: Шангај, Токио, Њујорк, Сингапур, Лос Анџелес, Лондон, Тајпеј, Цирих и Монако. Најевтиниот град за луксузни добра и услуги меѓу анкетираните е, исто така, во Азија, а тоа е индискиот град Мумбај.

Фото: Pexels