Ова се 1.000 најбрзорастечки компании во Европа, има ли некоја од Македонија?

193

Магазинот Financial Times направи листа од вкупно 1.000 најбрзорастечки компании во Европа. На списокот има и компании од регионот – Хрватска, Грција, Бугарија, Словенија и Босна и Херцеговина, но ниту една компанија од нашава земја.

Првото место на листата го зазема OakNorth Bank, фин тек компанија од Велика Британија.

Меѓу првите 10 се и: Wolt Enterprises од Финска, Bolt Technology од Естонија, Elements Global Services од Шпанија, Les Eco – Isolateurs од Франција, Gismart од Велика Британија, Enens од Франција, Qred Foretagslan од Шведска, Mamma 2.0 од Италија и In Touch Networks од Велика Британија.

FT 1000 е листа, што магазинот ја направи заедно со Statista, компанија за истражување, на којашто се најдоа компании што остварија највисок годишен раст на приходите. На листата, од вкупно 1.000, доминираат компании од технолошкиот сектор, а сè поголем замав земаат и компании што се занимаваат со фин тек или електронска трговија. Германија е татковина на најголемиот број на брзорастечки компании на стариот континент, по што следат Италија, Велика Британија и Франција. Компании од овие четири европски земји сочинуваат околу 70% од вкупниот број на брзорастечки бизниси.

Лондон и понатаму е град во којшто работат најмногу брзорастечки компании, а по него следуваат Париз и Милано, додека Варшава и Вилнус за прв пат се појавуваат меѓу топ 10 градови во коишто има најмногу брзорастечки компании.

За да може една компанија да се најде на оваа листа треба да исполни одредени критериуми, меѓу кои се: приходи од минимум 100.000 евра во 2015-та година; приходи од минимум 1,5 милиони евра во 2018-та година; компанијата да биде целосно независна; растот на приходите меѓу 2015-та и 2018-та година да биде органски…

Свои учесници на листата имаат овие земји: Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Монако, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Велика Британија.

Фото: Pexels