Ова се најбогатите Афроамериканци

234

Африканските Американци играат значајна улога во светот на бизнисот во САД. Магазинот Forbes направи листа од најбогатите Афроамериканци кои заработуваат милиони и милијарди долари.

Ова е листата на петте најбогати Афроамериканци:

Роберт Ф. Смит – основач и главен извршен директор на Vista Equity Partners. Располага со богатство од пет милијарди долари.

Дејвид Стјуарт – основач и претседател на World Wide Technology. Неговото нето богатство се проценува на 3,5 милијарди долари.

Опра Винфри – телевизиско лице коешто за прв пат се појави на листата на Forbes во 2003 година, благодарение на нејзиното богатство од една милијарда долари. Денес, Опра на својата сметка има 2,7 милијарди долари.

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан е на четврто место на оваа листа на Forbes. За прв пат магазинот го вбројува меѓу најбогатите луѓе во 2015-та година. Денес, богатството на Џордан се проценува на скоро две милијарди долари.

Џеј Зи – познатиот рапер во една прилика изјавил :I’m not a businessman, I’m a business, man (Јас не сум бизнисмен, јас сум бизнис човеку). Сопругот на познатата пејачка Бијонсе, за прв пат се најде на листата на Forbes минатата пролет. Сега тој има сметка “дебела“ околу една милијарда долари.

Фото: Facebook