Ова се најопасните професии во САД

42

Минатата година во САД се регистрирани 5.250 смртни случаи на работно место, што е пораст во однос на 2017 година.

Како што пренесува CNBC, најголемиот број на смртни случаи, пропорционално на бројот на работници, е регистриран меѓу дрвосечачите. Поради таа причина, тоа е најопасната професија во САД. Најчести ризици поради кои вработени во овој сектор го губат животот се или пад од некој објект во текот на сечење на дрвја или несреќа поврзана со опремата за сечење. Бројот на несреќи со фатален исход во оваа работа е 28 пати поголем од просекот.

Инаку, во оваа индустрија, во којашто работат над 53.000 луѓе, се случиле 74 несреќи со смртен исход. Просечната годишна плата на дрвосечачите е 40.650 долари.

Втора професија со најголем ризик е рибарството, каде што најголема опасност е пад од брод на рибарите. Во оваа индустриска гранка се случуваат над 77 фатални несреќи на 100.000 работници. На трето место се најдоа пилоти и инженери на летови, а во овој сектор смртноста најчесто настапува кај помалите и приватните авиони, додека несреќите со комерцијалните летови се поретки.

Потоа следуваат: работници кои работат на покриви од објекти, собирачи на отпад и материјали за рециклирање, фармери, работници на челични конструкции, надзорници на градилишта, рудари и слично.

Фото: Pexels