Ова се “новопечени“ милијардери според Forbes

125

Магазинот Forbes неодамна ја објави листата на планетарно најбогатите луѓе. Од нив, 178 за прв пат се наоѓаат на оваа листа.

Овие новопечени милијардери имаат вкупно 369 милијарди долари, а доаѓаат од 20 земји во светот. Шеста година по ред, Кина е лидер според бројот на нови милијардери, вкупно 80, чие богатство е 123 милијарди долари. На второ место се најдоа САД со 44 нови милијардери, со богатство од 27 милијарди долари. Од Индија доаѓаат 12 нови богаташи со имот од 18,7 милијарди долари заедно.

Од тие 178 нови милијардери, 19 се жени, вклучувајќи ја Мекензи Безос, поранешната жена на првиот човек на Amazon, со богатство од 36 милијарди долари или 16% од акциите на гигантот за електронска трговија.

Фото: Pixabay