Оваа авио – линија е “тешка“ над една милијарда долари

92

Авиоиндустријата е дејност во којашто профитните маржи се тесни, авионите се скапи за одржување и управување, а може да се соочи и со различни и непредвидливи ситуации.

Активноста во авиоиндустријата може значително да се намали поради избирање на одредена болест (како што е сега случајот со корона вирусот), рецесија, војна или тероризам, пишува порталот Howmuch.net.

Овој пат, порталот ги анализира 10-те летови, во период од април 2018-та до февруари 2019-та година, коишто на авиокомпаниите им донеле највисоки приходи.

Податоците покажуваат дека северноамериканските рути доминираат на  глобално ниво, но нивната поврзаност со североистокот на САД и Европа им носи најмногу приходи, но и откажани летови.

Само една рута ја надминува границата од една милијарда долари (1.159.126.794 долари): релацијата меѓу Лондон и Њујорк преку Heathrow и John F. Kennedy аеродромите.

Меѓу 10-те најскапи летови се најдоа и:

Qantas Airlines (Мелбурн – Сиднеј) – 849.260.322 долари

Emirates (Лондон – Дубаи) – 796.201.645 долари

Singapore Airlines (Лондон – Сингапур) – 735.597.614 долари

United Airlines (Сан Франциско – Њу Џерси) – 689.371.368 долари

American Airlines (Лос Анџелес – Њујорк) – 661.739.368 долари

Qatar Airways (Лондон – Доха) – 639.122.609 долари

Cathay Pacific Airways (Хонг Конг – Сингапур) – 604.595.063 долари

Singapore Airlines (Сиднеј – Сингапур) – 549.711.946 долари

Air Canada (Ванкувер – Торонто) – 541.122.509 долари

Фото: Pexels