
На крајот од годината, секако, нема недостаток од предвидувања за тоа што ќе се случи со берзата во 2026 година, а важни се и очекувањата за тоа што ќе се случи со доларот.
Доларот годинава изгуби дури 13 проценти во однос на еврото. Се очекува доларот да ослабне и следната година, но не толку значително. Просечните прогнози на стратезите во најважните финансиски институции зборуваат за дополнителна девалвација на доларот од три проценти во однос на кошничката валути, бидејќи се очекува ФЕД дополнително да ги намали каматните стапки.
Поради тарифната политика на Трамп, првата половина од оваа година беше најлошата за доларот од 1970 година, но од летото, американската валута донекаде се стабилизираше.











