Оваа земја ги покрива сите трошоци за лечење на заразени туристи од коронавирус

105

Кипар се обврза да ги покрие сите трошоци на туристите кои за време на одморот ќе бидат тестирани позитивни на коронавирус, пренесува новинската агенција АР.

Кипарската влада соопшти дека ќе ги покрие трошоците за сместување, храна, пијалаци и лекови за заболените од коронавирус и нивните семејства. Пациентите ќе треба само да го платат таксито до аеродром и билетот за враќање дома.

Болница со 100 кревети ќе биде наменета исклучиво за странски патници позитивни на тестот, а 200 респиратори ќе бидат резервирани за тешко болните. Посебен карантински хотел со 500 соби ќе биде резервиран за членовите на семејствата на пациентите.

Ова писмо е упатено до владите, авиокомпаниите и туристичките оператори, а содржи строги здравствени и хигиенски протоколи кои владата ги усвоила за да провлече туристи.

Туризмот учествува со 13% во економија на оваа островска земја, а оваа година се очекува загуба од 70%.

Фото: Pixabay