Оваа земја лани потрошила 179 милијарди долари за увоз на автомобили

130

Увозот на автомобили на глобално ниво, во текот на минатата година, достигна вредност од 774,3 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Како најголем увозник на автомобили во светот лани беа Соединетите Американски Држави, коишто лани купиле возила од странски производители во вредност од 179,5 милијарди долари или над 23% од вкупниот увоз.

Меѓу петте најголеми увозници на автомобили се и: Германија (70,5 милијарди долари), Кина (47 милијарди долари), Велика Британија (43,8 милијарди долари) и Белгија (39,9 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем увоз на автомобили во текот на 2019-та година имала Словенија со нешто над четири милијарди долари. Потоа следуваат: Грција (1,7 милијарди долари), Хрватска (1,5 милијарди долари), Бугарија (1,1 милијарда долари), Србија (590,4 милиони долари) и Босна и Херцеговина (508 милиони долари).

Македонија е 103-та во светот по увоз на автомобили, па лани во земјава се увезени а возила во вредност од 218,6 милиони долари.

Фото: Pixabay