Оваа земја од извоз на пиво лани заработи над четири милијарди долари

73

Извозот на пиво минатата година достигна вредност од 15,5 милијарди долари, а најголем дел од “колачот“ му припадна на Мексико со извезено пиво во висина од 4,2 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Меѓу петте најголеми извозници на пиво во светот лани беа и: Холандија (2,1 милијарди долари), Белгија (две милијарди долари), Германија (1,3 милијарди долари) и САД (805,9 милиони долари).

Од регионот, најголем извозник на пиво е Србија, од каде лани е извезено пиво во вредност од 58,3 милиони долари. Следни се: Словенија (42,7 милиони долари), Хрватска (35,3 милиони долари), Грција (23,5 милиони долари) и Бугарија (23 милиони долари).

Македонија е 65-та во светот со продажба на пиво на странски пазари во висина од 3,4 милиони долари.

Фото: Pixabay