На 20-ти јануари 2017-та година, бизнисменот Доналд Трамп и официјално стана претседател на Соединетите Американски Држави. Тој тогаш вети дека ќе ја “направи Америка повторно богата“. Три години од тогаш, пет милијардери, од кои тројца се од САД, успеаја да го зголемат своето и така големо богатство, пишува магазинот Forbes.
Прв меѓу нив е Бернард Арно, кој од инаугурацијата на Трамп, го зголеми своето богатство за 74,4 милијарди долари. Сега сопственикот на луксузниот бренд LVMH располага со богатство од 116,5 милијарди долари.
Втор меѓу милијардерите коишто заработија неколку десетици милијарди долари, откако Трамп го замени Обама на претседателската функција е и основачот на Amazon, Џеф Безос. Од тој момент до денес, на контото на Безос има 46 милијарди долари повеќе.
Трет на оваа листа, а прв милијардер кој не живее во САД, е Индиецот Мукеш Амбани. Од 2017-та година, кога беше инаугуриран Трамп, најбогатиот Индиец го зголеми своето богатство за 39,2 милијарди долари. Инаку, Амбани е претседател на мултинационалниот конгломерат Reliance Industries Limited.
Четврт на листата е Стив Балмер, поранешен главен извршен директор на Microsoft, а сега е сопственик на НБА клубот Los Angeles Clippers. Од денот на инаугурацијата на Трамп, до денес, Балмер на своето богатство додаде 30,7 милијарди и сега располага со 60 милијарди долари.
Последен на листата е основачот на Facebook, Марк Цукерберг, кој од 2017-та до денес заработи 28,9 милијарди долари и ги додаде на своето вкупно богатство што сега е проценето на 82,2 милијарди долари.
Фото: Pexels