Овие жени го “тресеа“ бизнисот минатата година

374

Жените во светот на бизнисот сè уште се соочуваат со предизвици иако можеби живееме во 21-от век. Податоците говорат дека во 2019-та година само 6,6% од компаниите рангирани на Fortune 500 има жена како главен извршен директор. Уделот на жените на највисоките раководни места во 2018-та година бил скромни 4,8%. Иако се бележи пораст, сепак мажите се неприкосновени кога станува збор за држење на лидерските позиции во компании.

Сепак, постојат жени кои им пркосат на предизвиците во бизнисот и со цела сила се борат рамо до рамо со нивните колеги. Ова се петте жени кои се најдобри главни извршни директори во светот, според анализата на Glassdoor за 2019-та година.

Линдзи Снајдер

Таа е прва меѓу жените, а трет најдобар извршен директор според податоците. Триесет и седумгодишната Снајдер е една од најмладите милијардерки во светот. Стои на чело на компанијата In-N-Out Burger, а располага со богатство од 3,6 милијарди долари.

Лиса Су

Четириесет и деветгодишната Су е главен извршен директор на Advanced Micro Devices и е најмногу заслужна за успехот на компанијата, без којашто индустријата на видео игри во светот не би можела да постои. Нејзината компанија обезбедува чипови за Xbox One на Microsoft и за PlayStation 4 на Sony. Нејзиното богатство се проценува на 161 милион долари.

Џесика Катино

Многу малку се знае за Катино, но доволен е фактот дека е главен извршен директор на компанијата Digital Prospectors, под чие водство компанијата остварува над 50 милиони долари приходи на годишно ниво.

Нора Су

Таа стои за компанијата Horizon Innovations. Младата претприемачка и директорка на 13 години се сели од Тајван во САД, каде што со највисоки оценки завршува економија на Универзитетот во Вашингтон.

Кејти Енгелберт

Топ пет листата ја заокружуваме со 54-годишната Енгелберт, којашто е на челната позиција во Deloitte, каде што почнува да работи кога има само 17 години. Поминала 30 години во компанијата на различни места за во 2015 година да седне во фотелјата како главен извршен директор на Deloitte.

Фото: Pixabay