И покрај пандемијата на новиот коронавирус, овластените импортери на возила во нашата држава се организирани, отворени и расположени за работа.
До редакцијата на Avtoplus.mk пристигна соопштение од Ми-Да Гранд Моторс во коешто се напоменуваат мерките коишто се преземени за функционирање на нивните сервисни центри. Во своето соопштение, тие ги потсетуваат своите клиенти дека овластените сервиси и салони за Ford и Hyundai возила се отворени, но исто така посочија дека истите работат со специјални мерки поради ситуацијата во државава.
“Со оглед на новата ситуација со вирусот Covid-19 и нашата грижа за здравјето, сакаме да Ве известиме околу дезинфекциските и хигиенски процедури кои се воведени во нашиот механички и лимарски сервис. Секое возило при прием се дезинфицира и се користат заштитни материјали при неговото маневрирање. При посетата на нашиот објект неопходна е дезинфекција на самиот влез а потоа комуникацијата се одвива без контактно на означена далечина. Нашите вработени се опремени со заштитна опрема како би го заштитиле своето и здравјето на клиентите.
Би сакале да ви порачаме да бидете безбедни и доколку Ви се потребни нашите услуги да ги контактирате нашите сервисни специјалисти телефонски или онлајн преку следните линкови. Тука сме за Вас“, стои во пораката од Ми-Да Гранд Моторс до своите клиенти.
Поради тоа, Avtoplus.mk направи мала обиколка низ импортерските центри во главниот град. Она што можеше да се забележи е дека овластените импертери се подготвени да ги пресретнат потребите на клиентите, подготвени се за продажба на автомобили и како и редовни и вонредни сервиси, секако со преземање на специјални мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус.
Импортерите во државава преземаат мерки за заштита на здравјето
Ситуацијата во сите салони е со ист принцип – сите се отворени, организирани и расположени за работа и не ги оставаат на цедило оние на кои им е потребна нивната помош. Секако, поради актуелната ситуација, забележителен е помалиот проток на луѓе низ салоните, но доколку одлучите да се подновите со нов автомобил, треба да имате предвид дека импортерите ги имаат преземено сите потребни мерки за заштита на здравјето на клиентите.
Пандемијата на коронавирусот зема сè поголем замав во светот, а тоа влијае и на автомобилската индустрија. Голем број производители привремено ги затворија своите фабрики, а дел од нив се насочуваат и кон производство на медицинска опрема како помош за државите. Но, тоа не значи дека овластените импортери, дилери и сервисери во светот, па и во нашата држава, ги заборавија своите клиенти.
Уште еднаш, се напоменува дека импортерските центри се подготвени за нивните тековни активности, со напомена дека поради пандемијата на коронавирусот, сите тие имплементираа и посебни процедури со цел заштита на здравјето и спречување на Covid-19.
Преземено од Avtoplus.mk