Овој тест на личноста работодавачите го обожаваат

181

За да пронајдат кандидати кои целосно одговараат на нивните потреби и ќе се вклопат во компанијата, работодавачите сè почесто покрај вообичаените методи за проценување на потенцијалните вработени, како оцена на квалитетот на биографија и напишана молба, во селекцијата користат нови алати.

Еден од нив е  тестот на личноста Myers–Briggs, којшто под услов ако искрено се пополни, открива многу за личноста која го решава.

Тестот мери на која страна тежнеете во секоја од четирите категории: Екстроверт (Е) или интроверт (I), претчувство (S) или интуиција (N), чувство (F) или размислување (T), расудување (J) или перципирање (P).

Овој тест на личноста ги спојува првите букви од одбраните категории (на англиски јазик) во код од четири букви, како на пример ENTJ или INTP.

Фото: Pexels