Овој трговски ланец оствари приход од 524 милијарди долари, а вака ги “награди“ своите вработени

141

Познатиот трговски ланец од Америка, Walmart, одлучил да ги награди своите вработени за макотрпната работа за време на пандемијата.

Една корисничка на Twitter под името Milkvamp, објавила дека нејзиниот пријател кој работи во овој трговски ланец од компанијата добил само неколку слатки, во знак на благодарност.

Оваа објава била споделена над 30.000 пати, а потоа се огласиле и други за да ги споделат своите лоши искуства.

Некои напишале дека условите за работа им биле отежнати, додека други дека ваквиот став кон Walmart не е чесен, бидејќи компанијата веќе дала бонуси на вработените и планира тоа да го стори повторно, а ова било само мал знак на внимание.

Milkvamp за Bored Panda изјавила дека не била работата во слатките, туку во тоа што вработените во Walmart работат за минималец и немаат здравствено осигурување.

Инаку, Walmart во првиот квартал оствари приход од 524 милијарди долари.

Фото: Pixabay