Пабовите, баровите и рестораните со скратено работно време во Англија

30

Обединетото Кралство вчера го крена степенот на предупредување со којшто го мери ширењето на епидемијата на коронавирусот и одлучи пабовите и рестораните да работат пократко поради заканата од втор бран што може да убива и по повеќе од 200 луѓе на ден.

Почнувајќи од четврток, пабовите, баровите и рестораните во Англија ќе мора да се затворат во 22 часот.

Воедно, бројот на луѓе во овие објекти треба да се намали бидејќи во иднина ќе биде дозволено само служење на маса.

Во Обединетото Кралство, најтешко погодената земја во Европа со речиси 42.000 смртни случаи,  во моментов на секои седум дена има двојно зголемување на бројот на заразени, предупреди синоќа владиниот советник Патрик Валанс.

Фото: Pixabay