Пад на бројот на работници во индустријата во Германија, првпат по 10 години

26

Бројот на работници во индустријата во Германија е намален во текот на минатата година, за првпат во последните 10 години, покажуваат официјалните податоци.

Во текот на 2020 година, просечно 5,5 милиони луѓе работеле во локални производни компании со повеќе од 50 вработени, што е за 2,2% помалку во однос на 2019 година.

Последниот годишен пад е забележан во 2010 година, кога финансискатa криза резултираше со намалување на бројот на работници од 2,4%.

Во декември минатата година, падот на бројот на вработени во однос на претходната година бил изразен најмногу во металопреработувачката индустрија (5,8%), а потоа следат машинство (4,5%) и автомобилскиот сектор (3,2%).

Спротивно на тоа, хемиската индустрија во декември забележа раст на работната сила за 1,6% во однос на истиот период од 2019 година.

Фото: Pexels