Пад на цените на акциите по петнеделениот раст

47

На светските берзи, цените на акциите минатата недела забележаа пад по петнеделниот раст, бидејќи инвеститорите се загрижени поради бавното закрепнување на економијата и продолженото ширење на коронавирусот.

На Wall Street, Dow Jones минатата недела се намали за 0,6% на 30.046 поени, додека S&P 500 се намали за 0,9% на 3.663 поени, додека Nasdaq имаше пад од 0,7% на 12.377 поени.

Позитивниот тренд на берзите трае со недели поради позитивните вести за вакцините против коронавирусот, бидејќи со нив се очекува нормализирање на економската активност.

Вакцинирањето веќе започна во Велика Британија, а во денеска почнуваат и САД.

Фото: Freepik