Пад на директните странски инвестиции во Романија и Бугарија

15

Euro Bank NotesРоманија бележи пад на директните странски инвестиции за 8,2% за 10 месеци, на 1,8 милијарди евра.

Романија во 2012 година привлече 2,1 милијарди евра директни странски инвестиции, 17% повеќе во однос на 2011 година, наведува Националната банка на Романија.

Романија полека го губи статусот на најпривлечна дестинација за странски капитал во источна Европа. Во 2008 година, Романија забележа рекордни странски директни инвестиции, во вредност од 9,1 милијарди евра.

Во октомври месец во Бугарија е забележан сериозен одлив на директни странски инвестиции, минус 103,8 милиони евра, за разлика од октомври 2012, кога биле плус 183 милиони евра, покажуваат последните податоци на Бугарската народна банка.

Според експертите, причините се главно поврзани со политичката ситуација, која ја прави бизнис средината непредвидлива. Затоа и голем дел од комапниите одлучуваат да почекаат наместо да инвестираат.

Традиционално, најголемите директни инвестиции во Бугарија доаѓаат од Холандија и Германија, а најголем одлив е забележан кон Велика Британија.