Индустриското производство во август оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 9,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во периодот јануари ‒ август 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година, е намалено за 13,2%.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање од 8,9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 8,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 12,3%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 18%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,2%, Капитални производи за 12,4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 45,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1%.
Фото: Pixabay