Пад на индустриското производство во декември

11

Индустриското производство во декември лани, во однос на истиот месец во 2018-та година, е намалено за 5,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи опаѓање од 24,2%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 3,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 12,1%.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 2%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 17,3% Интермедијарни производи, освен енергија за 7,1%, Трајни производи за широка потрошувачка за 16,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,8%.

Индустриското производство во периодот јануари − декември 2019 година, во однос на периодот јануари − декември 2018 година, е зголемено за 3,7%.

Фото: Pexels