Пад на индустриското производство во ЕУ

36

Индустриско производство во Европската унија се лизна за 0,2 % во јуни 2021 година, а во еврозоната за 0,3% во споредба со мај, според проценките на Заводот за статистика на ЕУ, Евростат.

Тоа е втор последователен месец на опаѓање на индустриското производство во ЕУ и во еврозоната. Имено, индустријата на ЕУ потона за 0,9% во мај, а во монетарниот блок од 19 членови за 1,1%.

Сликата е значително различна кога станува збор за резултатите од индустриското производство во јуни во споредба со истиот месец во 2020 година, при што ЕУ порасна за 10,5%, а еврозоната за 9,7%.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, најголем месечен пад на индустриското производство во јуни е регистриран во Ирска (-4,4%), Португалија (-2,6%) и Данска (-2,3%), додека најголем скок е забележан во Малта (5,2%), Холандија (3,3%) и Естонија (3,2%).

Фото: Pexels