Индустриското производство во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 5,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2020 година, во однос на периодот јануари – октомври 2019 година, е намалено за 11,3%.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање од 1,5%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,2%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,7%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0,2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,3%, Трајни производи за широка потрошувачка за 35,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,1%, додека пораст бележи кај Капитални производи за 1,3%.
Фото: Freepik