Индустриското производство во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 4,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во периодот јануари – септември 2020 година, во однос на периодот јануари – септември 2019 година, е намалено за 12,1%.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање од 9,7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 13,2%.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 12%, Трајни производи за широка потрошувачка за 26,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,1%, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5% и Капитални производи за 2,4%.
Фото: Freepik