Пад на месечниот промет и на домашен и на странски пазари на хартии од вредност

26

Во август, вкупно реализираниот промет на домашниот пазар на хартии од вредност е 326.537.141 денари, што е 62,9% од вкупниот реализиран промет на домашен и на странски пазари, покажува Месечниот извештај на Комисијата за хартии од вредност.

Во август, како што се наведува, реализиран е промет од 3,1 милиони евра на странски пазари, што претставува намалување за 18,25% во однос на реализираниот промет на странски пазари во јули.

Месечниот проме реализиран на Македонска берза во август, според КХВ, бележи пад од 14,67% во однос на прометот реализиран во јули.

Во август, на домашен пазар реализирани се 865 трансакции или 34,42% помалку во однос на јули, кога се реализирани вкупно 1.319 трансакции.

Вредноста на индексот МБИ 10 на последниот ден на тргување во август изнесуваше 4.207,36 поени, што е намалување од 1,92% во споредба со јули, кога индексот беше 4.289,51 поени.