Пад на странските директни инвестиции од скоро 40% во Бугарија

24

pari

Странските директни инвестиции во Бугарија во периодот од јануари до октомври изнесуваат 804,9 милиони евра, што е за 38,6% помалку во споредба со истиот период минатата година, кога изнесувале 1,3 милијарди евра, покажуваат последните податоци на Бугарската народна банка (БНБ).

Во овој период, најмногу инвестиции дошле од Холандија, 225,8 милиони евра, а на второ место се наоѓа Австрија со 107,9 милиони евра, пишуваат бугарските медиуми.