Пад на странските инвестиции од скоро 19% во Бугарија

15

evra1-580x363-580x363

Директните странски инвестиции во Бугарија, за првите шест месеци од 2016 година, се скоро 19% пониски во споредба со истиот период претходната година, соопштуваат од Бугарска народна банка.

Во периодот јануари – јуни, во земјата влегле 778,4 милиони евра странски инвестиции, што е за 18,7% помалку во однос на истиот период 2015 година, кога сумата на инвестиции изнесувала 957,9 милиони евра.

Најголемите директни инвестиции во земјата доаѓаат од Холандија (189,7 милиони евра), Луксембург (133,6 милиони евра) и Велика Британија (110,8 милиони евра).