Пад на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

17

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во третото тримесечје од оваа година, во споредба со истиот период лани, се пониски за 2,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Трошоците за материјали, во истиот период, се пониски за 5,5%, а трошоците за вработените се повисоки за 5,9%.

Во третото тримесечје од 2016 година, во споредба со второто тримесечје од 2016 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,2%, трошоците за материјали се пониски за 1,3%, а трошоците за вработените се повисоки за 2,5%.