Пад од 4% на трговската размена меѓу Македонија и Чешка

23

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска се сретна со амбасадорот на Чешката Република, Мирослав Томан.

Тема на разговор на средбата беше продолжување на успешната соработка помеѓу двете земји, како и можностите за продлабочување на истата.

Министерот Бектеши го информираше амбасадорот за мерките кои што ги презеде Владата во изминатата година за поддршка на економијата во за справување со негативните последици од пандемијата, како и активностите на Владата за процесот на вакцинација на на населението.

Според статистичките податоци трговската размена меѓу Северна Македонија и Чешката Република во изминатите неколку години бележи континуиран раст, додека во 2020 година како резултат на пандемијата размената меѓу двете земји бележи пад од од 4%, при што извозот се зголемува за 11,7%, а увозот се намалува за 10,2%.

На средбата беше оценето дека постои големо поле на можности за економска соработка помеѓу двете земји, кои како теми на разговор подетално ќе се дискутираат на наредната седница на мешовитата комисија помеѓу Република Северна Македонија и Чешката Република.

Министерот Бектеши му се заблагодари на амбасадорот на позитивниот одговор од чешката страна оваа година да се одржи третата седница на мешовитата комисија меѓу двете земји на ниво на заменик-министри.

Министерот и амбасадорот се согласија дека потенцијалите за соработка меѓу двете земји се големи и дека во наредниот период заеднички засилено ќе работат на создавање на бизнис партнерства кои ќе значат позитивен тренд на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Чешката Република.

Фото: Pexels