Пад од 41,8% на производство на млеко за пиење во Хрватска

28

lacteosПродолжува падот на количините собрано млеко и пад на производството на млеко за пиење во Хрватска. Во ноември минатата година вкупното количество собрано кравјо млеко било за 9,7% помало отколку во ноември 2012 година, а производството на млеко за пиење е помало за дури 41,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статиските, пренесуваат хрватските медиуми.

Статистичките податоци покажуваат дека во ноември 2013 во однос на истиот месец 2012 е намалено производството и на ферментирани производи, како сирење и павлака, додека раст е забележан кај производството на путер.

Ноември е 18-ти месец по ред во кој статистиката бележи пад на откупените количини млеко.