Пад од над 31% на прометот на Македонска берза во мај

22

Прометот на Македонска берза во текот на мај оваа година достигна вредност од 472.874.001 денар, што е за 31,12% помалку во споредба со претходниот месец, покажува Месечниот статистички билтен на Македонска берза.

Пазарната капитализација се позиционираше на 203.342.113.142 денари, односно 4,12% повеќе во однос на април. Индексот МБИ 10 забележа пораст од 4,72% на 5.277,88 поени.

Пад од 9,40% е регистриран кај вкупниот број на трансакции, што во текот на мај, беше 1.523. Според структурата на прометот, најголем број трансакции или 1.500 се реализирани на Официјалниот пазар, 13 на редовниот пазар, а во текот на мај се направени и 10 блок трансакции.

Фото: Pexels