Падна цената на нафтата

122

Цената на нафтата на лондонскиот пазар утринава изнесува 113 долари, што е значителен пад во однос на претходните денови кога цената беше 121 долар за барел. Американската нафта ВТИ се тргува по цена од 109 долари за барел.

Цената на пченицата од утрово е во минус. Цената на пченицата е 1.046 долари за тон, што е пад од околу 3 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 784 долари, што е слична вредност како и претходните денови.