Падна договор меѓу Кина и членка на ЕУ: „Почнуваме заедно“

25

Кинеската Sinopec и француската TotalEnergies во средата објавија дека ќе формираат заедничко вложување за производство на одржливо авионско гориво.

Горивото ќе се произведува од отпадно масло во рафинеријата на Синопек во Кина, се вели во соопштението.

Целта на партнерството е да достигне годишен капацитет од 230.000 тони со нова производна линија со која ќе управуваат двете компании.

Договорот за соработка го потпишаа во Пекинг претседателот на Sinopec, Ма Јонгшенг и лидерот на TotalEnergies, Патрик Поујан.

„Проектот е централен во стратегијата за трансформација на TotalEnergies, која треба да ги поддржи напорите на воздухопловниот сектор да го намали својот јаглероден отпечаток“, рече Пујан.