Паднаа европските берзи

26

На европските берзи цените на акциите во вторникот наутро паднаа за повеќе од 1 отсто, бидејќи инвеститорите стравуваат од ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, меѓу Иран и Израел.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за повеќе од 1 процент во 9:30 часот и падна на најниско ниво во речиси шест недели.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 1,17 отсто, на 7.870 поени, додека франкфуртски DAX падна за 1,23 отсто, на 17.805 поени, а париски CAC за 1,29 отсто, на 7.940 поени.