Падот на економијата во еврозоната ќе биде помал од многуте песимистички проекции

38

Падот на економијата во еврозоната ќе биде помал од повеќето песимистички проекции, но закрепнувањето би можело да биде бавно и постепено, покажува истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ).

Економијата на еврозоната би требало да се намали за 5,5 % во 2020 година, а потоа да порасне за 4,3 % во 2021 година, со очекуваното попуштање на рестрикциите во мај и јуни, покажува тримесечната анкета која ЕЦБ ја спроведе меѓу економистите.

Профилот на проекциите на вкупното ниво на бруто домашниот производ (БДП) веројатно би можел да се опише како “проверка”, одразувајќи нагло опаѓање на активноста на крајот на првиот и почетокот на вториот квартал и постепено и долготрајно враќање на нивото пред кризата, проценуваат економистите.

“Повеќето учесници во анкетата, исто така, посочија дека нормализацијата на состојбата веројатно ќе започне во фази и дека не би требало да се очекува пред третиот квартал“, стои во заклучокот на анкетата.

Истражувањето на ЕЦБ е спроведено од 31 март до 7 април.

Според анкетата, инфлацијата во еврозоната оваа година би требало во просек да изнесува 0,4%, со што проекцијата од пред три месеци е намалена за 0,8 процентни поени. Малку е намалена проекцијата на инфлацијата за следната година на 1,2 %, од претходно предвидените 1,4 %.

Потврдени се долгорочните проекции за двата индикатори, кои се однесуваат на периодот до 2024 година, со проценет раст на БДП од 1,4 проценти и инфлација од 1,7 проценти.

Фото:Pixabay