Пакет за “прва помош” на вашиот автомобил во зима

173

Претходно пишувавме како да го подготвите вашиот автомобил за претстојната зима, од промената на гумите, до проверката на парното греење, а сега е време да се посветиме на деталите, односно на што сѐ треба да имате во вашиот автомобил како пакет за “прва помош“, особено кога ќе настапат ниските температури.

1

Што сѐ треба да имате при рака?

Ако сте искусен возач, тогаш сигурно сте го слушнале ова многупати, но ако ова ви е прва зима како возач, тогаш мора знаете дека антифриз средството е вашиот најдобар пријател во зимскиот период. Секогаш погрижете се да имате барем едно антифриз средство како резерва, а  доколку планирате да одите на подолго ски патување во странство, одберете поголемо пакување или барем две пакувања на антифриз средство. Исто така, можете да одберете помеѓу концентрат или веќе разредено антифриз средство, а доколку не сте сигурни какво средство да користите, најдобро е да одберете универзално.

Следно што треба да имате во вашиот пакет за „прва помош“ се разните корисни алати, како што се вилушкастите клучевиклуч за менување на гуми или пак безжична дупчалка со сет од различни додатоци, кои ќе ви се најдат доколку треба да замените или поправите нешто додека сте на пат.

2

Исто така, навистина корисно е да имате резервни свеќици и греачи, бидејќи тие најчесто знаат да се расипуваат на ниските температури, а од работи кои најчесто се расипуваат во зима поради суровите услови се и брисачите, па проверете дали треба да ги замените веќе постоечките или треба да набавите резервен пар во случај на оштетување.

Што треба да проверите?

Во зима е најважно најпрво да ја проверите состојбата на акумулаторот и да се погрижите дека имате полнач за истиот во секое време.  Доколку го носите вашиот автомобил на сервис за проверка на акумулаторот, исто така е важно да се провери состојбата на амортизерите и сопирачките, бидејќи вашата и безбедноста на вашите сопатници треба да ви биде на првото место.

Меѓу работите кои секогаш треба да ги проверите кога го носите автомобилот на редовен сервис или кога самите го проверувате е моторното масло, кое може да биде во пакет со адитиви за дизел или бензин, состојбата на филтрите и на квачилата, како и сите пропратни делови од автомобилот.

3

Кога веќе ќе се погрижите за безбедноста, време е да помислите на удобноста, а во зима најважно за удобно возење е автомобилот да е убаво затоплен. Доколку никако не можете да го стоплите автомобилот, ве советуваме да ја проверите состојбата на прозорците и другите стакла, а потоа проверете го системот за греење, па доколку е потребно набавете дополнително грејно тело кое ќе ви заштеди на потрошувачката на гориво.

Доколку не сакате да излегувате на студот и да ги барате сите работи кои ви се потребни за пакетот за „прва помош“, секогаш можете да ги купите онлајн, од удобноста и топлината на вашиот дом.  Уживајте во зимскиот период со вашиот секогаш подготвен автомобил! 🙂

4