Грчката влада ги усвои пакет мерките за штедење во висина од 13,5 милијарди евра. Овие мерки на штедење се однесуваат на зголемување на даноци, ограничување на потрошувачката и структурни реформи.
Претходно премиерот Андонис Самарас се обиде да ја смири јавноста која веќе пет години ги трпи последиците од рецесијата и од постојаното воведување нови мерки на штедење.
“Ова ќе бидат последни кратења на плати и пензии”, изјави Самарас неделава.
Со изгласувањето на пакетот мерки за штедење, на Грција и се отвара можност да ја добие следната транша од помошта во висина од 31,5 милијарди евра, кои и се неопходни за да не банкротира.
По 14 часовна дебата, од вкупно 300 пратеници, 153 гласаа “за”, 128 “против”, а 18 беа “воздржани“.