Дел од домовите во Брусничко – Лавчанска населба и населбата Недопирливи добија специјални садови за одлагање на пластичниот отпад, кои јавното претпријатие Комуналец ги додели бесплатно, со цел да се зачува животната средина. По минатогодишните 500, ова се нови 500 канти наменети за индивидуалните домаќинства во градот, јавува битолската телевизија Орбис.
Специјалните садови за селектирање на отпадната ПЕТ пластика се донација од Пакомак, друштво кое управува со отпад од пакување.
Вредноста на бесплатно донираните специјални садови за селектирање на пластиката е еден милион денари, а на големите контејнери кои се поставени пред колективните згради, е два милиони денари.