Пакомак ја поддржа акцијата Едно капаче – една надеж +

67

23167506_875145565986591_944520610997862567_n

Пакомак заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање и СНС Ре-Пласт спроведе големата хуманитарно – еколошка акција Едно капаче – една надеж+, стои во соопштението.

Целта на оваа акција беше да се надминат проблемите со транспортот, складирањето и рециклирањето на собраните пластични капачиња наменети за рециклирање, како и да се најде решение да се помогне оваа убава, едукативна, хумана акција да опстане широко распространета. Пакомак, друштво за управување со пакување и отпад од пакување се погрижи за преземањето и транспортот на собраните капачиња, а компанијата за рециклирање СНС Ре-Пласт ќе ги преземе и рациклира капачиња.

Како и што беше замислено, за сметка на собраните капачиња беа донирани три инвалидски колички во Здружението на лица со параплегија и квадриплегија – Без ограничувања.

За една инвалидска количка потребно е да се рециклираат 350.000 капачиња, но Пакомак повикува оваа акција да продолжи и граѓаните да се вклучат во селектирање на пластичните капачиња. Секако, граѓаните да не забораваат да ги селектираат и подготват за рециклирање и шишињата.

Возобновената акција, симболички е наречена Едно капаче – една надеж +, а покрај хуманитарниот аспект, оваа акција има исклучително високо еколошко ниво, којашто во фокус ја има подготвеноста на владата за поддршка на домашните компании кои го менаџираат отпадот.

Сите оние кои имаат собрано капачиња и чекаат да бидат преземени, како и новособраните, треба да ја пријават локацијата и лице за контакт на Фејсбук страницата https://www.facebook.com/ednokapaceednanadezplus/ и www.moepp.gov.mk.

За дополнителни информации можете да се јавите во Секторот за комуникација со јавност на МЖСПП на следниот телефонски број: 03/3225 237.

Пакомак им благодари за соработката на сите вклучени во оваа хумана акција, пред сè Македонската медицинска студентска асоцијација која ја иницираше и ентузијастички ја спроведуваше оваа акција уште од 2013 година, потоа сите хумани поединци, деца, ученици, наставници, граѓани, компании и фирми кои собирајќи ги капачињата покажаа како грижата за животна средина може да стане хумана и да биде остварување на нечија надеж.