Пакомак со нова донација – Тетово доби нов камион и нови 100 дводелни канти за отпадоци

23

pakomak

Компанијата Пакомак продолжува со инвестиции низ земјава насочени кон подобрување на комуналната инфраструктура во Македонија. Денеска во општина Тетово беше дониран уште еден камион за собирање отпад, втор во изминативе месеци, додека за главниот булевар беа донирани 100 дводелни канти за отпадоци, кои со својата функционалност и изглед ќе придонесат кон подобра хигиена на градот и урбан изглед на улиците.

Донацијата во Тетово ја прими Градоначалничката Теута Арифи која се заблагодари за поддршката од Пакомак во справувањето со отпадот и изрази уверување дека со ваква партнерска соработка Тетово набрзо ќе биде град кој одржливо и ефикасно ќе го менаџира својот отпад, вклучувајќи го и отпадот од пакување.

Според Филип Ивановски од Пакомак, Тетово е еден од градовите кој после Скопје генерира најмногу отпад, а со тоа и отпад од пакување, и дека Пакомак во Тетово гледа сериозен партнер кој и самиот вложува во управување со сметот и отпадот од пакување.

” Досега дониравме 2 камиона, 40 – тина контејнери и 100 канти на општината и веруваме дека наскоро Тетово ќе стане град со сите белези на модерен и урбан град. Очекуваме селектирањето на отпадот да стане навика на тетовчани, а за остварување на таа цел имаме поддршка од Градоначалничката Теута Арифи која успешно се фати во костец со горливите проблем на Тетово и има развиено висока свест за екологијата. И понатаму ќе продолжиме со инвестиции во комуналната инфраструктура низ републикава, и со различни активности за подигнување на јавната свест за заштита на животната средина. Секако тука е важна и улогата на граѓаните, кои треба да дадат свој личен придонес, односно  во одделна ќеса да ги собираат пластичните шишиња, лименки и хартија и да ги фрлаат во посебен контејнер”, дополнително изјавија од Пакомак.

Пакомак е најпосветениот колективен систем за управување со отпад од пакување во земјава, преку чиј систем поминува околу 40.000 тони амбалажен отпад годишно, од кој дел се рециклира, во земјава или во странство, а дел трајно се одложува. Над 630 компании се членови во системот на Пакомак, и тоа пред се тоа се општествено одговорни деловни субјекти, кои покажуваат принципиелност во поглед на зачувувањето на животната средина.

Минатата година над 9.000 тони амбалажен отпад кој не заврши на депониии беше однесен на преработка и рециклирање. Оваа година се планира да се собере и рециклира 15% повеќе од минатата година, а за да се задржи растот, неопходна е поголема поддршка од општините, институциите и пред се од граѓаните, кои во нивните домови со селективно собирање на амбалажниот отпад одделно од останатиот, ќе дадат свој придонес, сметаат од Пакомак.